Макрон: Има знаци дека Русија подготвува мобилизација на 300.000 луѓе

Макфакс

25/09/2026

14:10

108

Големина на фонт

а а а

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека постојат знаци за подготовка на Русија за нова мобилизација на околу 300.000 луѓе, потврдено од европски и американски разузнавачки служби и Украина. Тезата е дека ова би значело подготвеност за поголеми воени жртви, особено во регионот на Донбас.

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека постојат неколку знаци дека Русија се подготвува за нова мобилизација на околу 300.000 луѓе, по недамнешните избори во земјата. Тој рече дека такви информации споделиле европски и американски разузнавачки служби, како и Украина.

Според Макрон, сценариото за мобилизација на околу 300.000 луѓе е уверливо, а прашањето е дали Москва официјално ќе ја објави или ќе ја спроведе без јавна најава.

„Сигналот што Русија го испраќа денес е дека е подготвена на уште поголеми жртви за да го заземе целиот Донбас“, рече францускиот претседател.

Украинските власти претходно предупредија дека Русија би можела да мобилизира вкупно 600.000 луѓе во 2026 и 2027 година – по 300.000 годишно.

Русија од почетокот на инвазијата врз Украина само еднаш официјално прогласи делумна мобилизација, во есента 2022 година. Оттогаш Москва главно се потпира на регрутирање војници со договор и финансиски бонуси, избегнувајќи нова масовна мобилизација.