14-годишник нападнат со нож од негов соученик во тоалетот од училиштето

Макфакс

25/09/2026

13:40

155

Големина на фонт

а а а

Во основно училиште во Скопје, 14-годишно дете било нападнато со нож од свој соученик во тоалетот, при што добило расекотина на раката. Полицијата е вклучена и работи на расчистување на случајот.

Во СВР Скопје вчера во 13:00 часот Ф.А.(43) од Скопје пријавил дека околу 09:00 часот во тоалет во основно училиште на подрачјето на Бит Пазар, нејзиниот 14-годишен син со остар предмет бил нападнат од негов соученик.

При нападот му била нанесена расекотина во пределот на раката.

Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.