Зидан ќе го врати Мбапе на позиција на која не играл од поразот на ЕП 2024

Дерби

24/09/2026

13:28

257

Големина на фонт

а а а

Зинедин Зидан ќе дебитира на клупата на француската репрезентација на дуелот со Турција, а медиумите најавуваат дека е подготвен за експеримент, односно формација 4-3-3, во која Килијан Мбапе би играл на левата крилна позиција.

Првата ѕвезда на францускиот состав последен пат играше на таа позиција во поразот во полуфиналето на ЕП 2024 од Шпанија, по што Дидие Дешамп, но и неговите тренери во Реал Мадрид го префрлија централно во нападот.

Идејата на Зидан е да игра со Мбапе и Олисе како крилни напаѓачи и Дембеле во средината, а главен проблем за ваквата формација е фактот што Килијан не се ангажира доволно во играта во одбрана и остава многу простор на таа лева страна.

Селекторот решил да експериментира со тоа што ќе го постави Адриен Рабио на таа страна во средниот ред, додека Енди Диуф би играл на позицијата лев бек.

Зидан веројатно ќе бара и поголемо дефанзивно ангажирање на капитенот, но останува да се види како сето тоа ќе функционира на теренот во Лигата на нации.