Утре облачно и постудено со повремени врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни

Макфакс

24/09/2026

12:15

339

Големина на фонт

а а а

Под влијание на циклонската активност, утрешното време ќе биде облачно и постудено со повремени врнежи од дожд, кои на некои места ќе бидат пообилни и ќе продолжат до саботното претпладне.

Под влијание на циклонска активност времето утре ќе биде облачно и постудено со повремени врнежи од дожд кои ќе продолжат во текот на ноќта и во сабота претпладне.

Наместа врнежите ќе бидат пообилни и се очекува да наврнат над 30 l/m² воден талог.

Во Скопје, утре попладне и во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд. Во делови од котлината врнежите ќе бидат со умерен до повремено засилен интензитет.