Славната актерка го променила презимето: Веќе не се презива Роби

Точка

24/09/2026

11:11

755

Големина на фонт

а а а

Актерката Марго Роби, десет години по венчавката со својот сопруг Том Акерли, официјално го променила презимето. Иако во текот на целата досегашна кариера го користела своето моминско презиме Роби, сега во официјалните документи е наведена како Марго Акерли.

Промената е евидентирана во документите на британскиот регистар на компании „Companies House“, кои се однесуваат на продукциската компанија „Luckychap Entertainment“. Станува збор за компанија која Марго ја основала заедно со сопругот Том Акерли, Џози Мекнамара и Софија Кербек.


Марго и Том се венчале во декември 2016 година, откако две години биле во врска. Парот го добил своето прво дете, син, во 2024 година.


Иако својот приватен живот главно го чуваат подалеку од јавноста, Марго претходно зборувала за тоа како нивниот однос од пријателство прераснал во љубов.


Во интервју за „Вог“ во 2016 година открила дека таа и Том долго време биле пријатели пред да започнат врска. Како што тогаш раскажала, на почетокот била убедена дека тој не ги споделува нејзините чувства, поради што се обидувала да ги скрие своите емоции.