Во текстот се анализираат економските резултати на лидерот Мицкоски и обвинувањата од СДСМ за голем буџетски дефицит и распродажба на националните ресурси, што ја доведува Македонија во сериозна финансиска криза.
Економските резултати на Мицкоски се катастрофлано лоши. Арамиски ги троши парите на граѓаните а економијата оди надолу. Граѓаните едвај врзуваат крај со крај, цените се поскапени, мерки нема, обвинија од СДСМ.
„Дупката во ПИОМ е 1 милијарда евра, нема инвестиции, само 18 милиони евра во вториот квартал од 2026 а долговите се зголемени за 4 милијарди евра. Состојбата со буџетот, со народната каса е катастрофална. Според официјалните податоци на Министерството за финансии, буџетскиот дефицит оваа година ќе надмине 900 милиони евра, односно 5 проценти од БДП. Целиот планиран дефицит е веќе потрошен, нема пари. Приходите потфрлаат, владата арамиски ги троши парите на криминални тендери, дефицитот во буџетот е огромен и расте. Но, затоа има најава за нов арамилук преку нов ребаланс. Само после два месеци од последниот. Ќе следува она што го најавивме, ново задолжување. Граѓаните ја плаќаат цената за криминалната организирана група, ВМРО.
И кога нема резултати, нема инвестиции, економијата тоне, Мицкоски посегнува по распродажба на националните богатства, на водата, рудата, земјата“, велат од СДСМ.
Обвинија дека Мицкоски нема економска стратегија туку, како што велат, план за распродажба на Македонија.








