Битигхајм како прволигаш влезе како фаворит во соочувањето со второтлигашот Минден, меѓутоа домаќините се мачеа во првиот дел и му дозволија на противникот да стекне со предност од 19:15. По одморот домаќините заиграа многу подобро, дури и го свртеа резултатот, меѓутоа проблем беше констатноста во играта и Минден на крајот се избори за славје од 34:32.
Македонскиот репрезентативец Томовски забележа 13 одбрани со успешност од 29 проценти, ама и тоа не беше доволно за прогрес во наредната рунда.
Сега Битигхајм ќе може да се фокусира само на предвизвиците во Бундеслигата.








