Мицкоски на средби со премиерите на Косово и Хрватска во Њујорк

Макфакс

23/09/2026

19:56

229

Големина на фонт

а а а

Христијан Мицкоски имаше конструктивни средби со премиерите на Косово и Хрватска во Њујорк каде што разговараа за унапредување на добрососедските односи, регионалната соработка и европската перспектива.

Премиерот, Христијан Мицкоски, кој учествува на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк, имаше средби со неговите колеги од Косово и од Хрватска, Албин Курти и Андреј Пленковиќ.

„Остварив средба со премиерот на Република Косово, Албин Курти, на која разговаравме за унапредување на добрососедските односи, регионалната соработка и заедничките предизвици и можности за развој на нашите две земји“, објави Мицкоски.

Додаде дека двете земји продолжуваат со отворен и конструктивен дијалог во насока на стабилен, поврзан и просперитетен регион.

Мицкоски на „Фејсбук“ објави и фотографии од средбата со хрватскиот премиер.

„Остварив средба со Хрватскиот премиер, Андреј Пленковиќ на која разговаравме за европската перспектива, унапредувањето на добрососедските односи, регионалната соработка и важноста од продолжување на реформските процеси согласно европските стандарди“, напиша Мицкоски.

Тој сподели и слична порака како по средбата со Курти.

„Продолжуваме со отворен и конструктивен дијалог со нашите европски партнери, во насока на градење посилна, стабилна и просперитетна иднина за граѓаните“.