22-годишен маж од тетовско село е приведен поради физички напад врз својот татко со употреба на тврд предмет, потврдија од СВР Тетово.
Полициски службеници од СВР Тетово синоќа привеле 22-годишник од тетовско село, откако неговиот татко пријавил дека бил физички нападнат во својот дом.
Според МВР, случајот бил пријавен на 22 септември во 22:50 часот од 57-годишниот татко на приведениот.
Како што било пријавено, 22-годишникот го нападнал татко му, при што употребил тврден предмет.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.








