Шасивари: Во октомври ќе се одржи консултативно-информативна средба за правосудниот испит

Макфакс

23/09/2026

13:50

166

Големина на фонт

а а а

Министерот за правда Јетон Шасивари најави дека во октомври ќе се одржи консултативно-информативна средба со студенти и декани со цел презентација на законско решение за полагање на правосудниот испит, во согласност со европските стандарди и на повеќе јазици.

Министерот за правда Јетон Шасивари во првата половина на октомври ќе ги повика на консултативно-информативна средба студентите и деканите на факултетите на која ќе го презентира законското решение за начинот на полагање на правосуден испит.

По извршените консултации институционално ќе се пристапи кон понатамошните чекори.

„Во овој период поднесени се пет барања од пет студентски асоцијации. Три бараат на албански јазик, едно бара на англиски јазик и едно бара на англиски и турски јазик. Бидејќи на овие пет универзитети се изведуваат правни студии од прв и втор циклус, односно магистерски студии, на јазиците што ги споменав, значи покрај македонскиот јазик, и на албански, англиски и турски јазик. Во оваа насока, од значење се и меѓународните и европските стандарди. Нивното почитување е многу важно во однос на овој инклузивен, односно сеопфатен пристап“, изјави министерот за правда Јетон Шасивари.