Пожар во кругот на Железара, зафатени две бараки

Макфакс

23/09/2026

14:10

142

Големина на фонт

а а а

Во кругот на фабриката Железара во Скопје вчера попладне избувнал пожар при што биле зафатени две бараки. Пожарот брзо бил локализиран од противпожарната служба, а на местото на настанот бил извршен увид.

Пожар избувнал вчера попладне во кругот на фабриката „Железара“ во Скопје, при што биле зафатени две бараки со разни предмети, соопшти МВР.

Во моментот на настанот во објектот работеле лица кои најпрво забележале чад, по што набргу избувнал пламен.

Пожарот бил локализиран од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје.

На местото бил извршен увид.