Тешко повредени малолетнички при пад од електричен тротинет

Макфакс

23/09/2026

13:30

179

Големина на фонт

а а а

Во Гостивар вчера 16-годишна девојка изгубила контрола над електричен тротинет и паднала, при што тешко се повредила нејзината 14-годишна сопатничка. Повредените се пренесени во болница, а полицијата изврши увид на местото на несреќата.

Во ОВР Гостивар вчера во 12:50 часот е пријавено дека во дворно место на куќа, сопственост на Б.А. во Гостивар, 16-годишна малолетничка од Гостивар управувајќи електричен тротинет, изгубила контрола и паднала.

Од падот со тешки телесни повреди се здобила 14-годишна сопатничка од Гостивар, додека со телесни повреди 16-годишната малолетничка, констатирани во болницата во Гостивар.

Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Гостивар.