Во охридски хотел е пронајдена почината 70-годишна жена од Германија, со утврдено отсуство на траги од насилство, а телото е дадено на обдукција по наредба на јавен обвинител.
Синоќа во 23.40 часот во СВР Охрид било пријавено дека во хотел на кеј „Македонија“ во Охрид, била пронајдена почината Б.Х.К. (70) од Германија.
Лекар од итна медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство.
По наредба на јавен обвинител телото на починатата било дадено на обдукција.








