Белингам се фати со играч на Атлетико: Кога си со Меси зборуваш многу, сега си тивок

Дерби

23/09/2026

10:52

245

Големина на фонт

а а а

Големите градски пресметки меѓу Атлетико и Реал Мадрид секогаш нудат многу борба и тензија на теренот, но и перипетии во кои се вклучени самите актери на теренот.

Провокациите и зајадливите зборови се дел од секое големо дерби кое го играат лутите градски ривали, а иако обично Винисиус Жуниор е тој кој влегува во расправии со ривалите, овојпат тој примат го украде Џуд Белингам.

Англичанецот имаше вербални конфликти со неколку играчи на Атлетико, но специјализираните емисии се задржаа на конверзацијата која ја имал со Кути Ромеро.

Аргентинецот беше среќен што остана на теренот откако со отворен ѓон го нагазна токму Белингам, а очигледно овој дуел бил иницијална каписла за провокативна размена на зборови….

– Кога си со Меси зборуваш многу, сега си многу тивок. Ти си сер.о, ги наполни гаќите……, – му порача Џуд на Ромеро, кој имаше подготвено свој одговор.

– Плачко, почна да плачеш уште од претходно. Замолчи и играј, – му возврати Ромеро.