Просечната нето плата за јули 48 499 денари – како стоиме во регионот?

Денар

22/09/2026

16:43

303

Големина на фонт

а а а

Македонија веќе подолго време се соочува со една непријатна реалност поради тоа што има меѓу најниските просечни плати во регионот.

Според последните податоци од Државниот завод за статистика (ДЗС), просечната нето плата изнесува околу 48 499 денари, што ја поставува земјата на дното во споредба со државите од поранешна Југолсавија како Србија, Црна Гора, Хрватска, Словенија.

Според пресметките на ДЗС, во јули 2026 година, во однос на јули 2025 година, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен е повисока за 7.1 %.


Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Финансиски дејности и дејности на осигурување за 10.7 %, Снабдување со вода; отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината за 10.4 % и Дејности во врска со недвижен имот за 9.6 %.

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Стручни, научни и технички дејности за 4.3 %, Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли за 3.2 % и Градежништво за 2.3 %.


За реално да пораснат платите мора да порасне економијата. Како што велат економските експерти, траба економијата да расте со над 5 % за да види разлика. Изминативе години примањата на работниците растеа со побрзо темпо од економијата.

Во последните десет години просечната плата во Македонија пораснала за 117%.

Остатокот од текстот прочитајте го на следниот ЛИНК.