Багеи: САД неправедно ја префрлаат одговорноста за цените на горивата на Техеран

Макфакс

22/09/2026

15:50

131

Големина на фонт

а а а

Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багеи, ја обвинува САД за неправедно префрлање на одговорноста за растот на цените на горивата врз Техеран, истакнувајќи ги последиците од затворањето на Ормускиот теснец врз глобалната енергетска криза.

Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багеи, денес ги критикуваше американските претставници за префрлање на одговорноста за зголемувањето на цените на горивата на Техеран, тврдејќи дека постапките на Вашингтон ја предизвикале кризата што довело до затворање на Ормускиот теснец и прекин на комерцијалниот превоз.

Во објава на својот профил на мрежата Икс, тој напиша дека американските претставници забораваат дека започнале „агресивна војна“ и дека нивните постапки придонеле за прекини на енергетскиот пазар.

На почетокот на март, Иран го затвори Ормускиот теснец, кој е витална рута за околу една петтина од светските испораки на нафта и гас.

Затворањето предизвика прекини во глобалните енергетски текови.