[ФОТО] Никогаш поемотивниот Лука Дончиќ ги покажа своите ќерки: „Без оглед на тоа каде се наоѓа вашиот татко…“

Точка

21/09/2026

16:35

476

Големина на фонт

а а а

Лука Дончиќ привлече големо внимание со најновата објава, а ниту овојпат не станува збор за спорт, туку за неговото семејство и емотивните зборови што им ги упати на своите ќерки.

Кошаркарот минува низ турбулентен период во приватниот живот, а пред враќањето во Соединетите Американски Држави одлучи да ја покаже најнежната страна од своето секојдневие.

Имено тој објави неколку фотографии од своите ќеркички, Габриела и Оливија, со кои во текот на летото поминувал време во Словенија. На фотографиите се гледаат нивните заеднички моменти – од игра и прошетки до капење и креативни активности, а лицата на девојчињата не ги прикажа.


Покрај фотографиите напиша емотивна порака: „Г и О, без оглед на тоа каде се наоѓа вашиот татко во светот, нема ден кога не сте во моето срце. Каде и да одам, вие секогаш сте со мене. Ве сакам!“.

Објавата доаѓа по еден турбулентен период за кошаркарот на Лос Анџелес Лејкерс. Дончиќ и неговата долгогодишна партнерка и поранешна свршеница Анамарија Голтес раскинаа, а потоа следуваше правен спор во врска со нивните ќерки.


„ESPN“ претходно објави дека Дончиќ е во постапка поврзана со старателството над децата, додека „Los Angeles Times“ во август извести дека Голтес побарала повлекување на своето барање за издршка на деца од постапката пред судот во Лос Анџелес, наведувајќи дека се обидуваат спорот да го решат спогодбено.