Пукање пред синагога во Канада, ранет полицаец

Макфакс

21/09/2026

08:10

185

Големина на фонт

а а а

Во канадската провинција Онтарио, полицаец е ранет пред синагога во Белвил, каде еврејската заедница одбележувала Јом Кипур. Инцидентот предизвика засилени полициски мерки и засега нема информации за сериозноста на повредите.

Полицаец е ранет во пукање пред синагога во Белвил, во канадската покраина Онтарио, во момент кога припадници на еврејската заедница се собирале за одбележување на Јом Кипур.

Полицијата соопшти дека околу 19:10 часот полицаец наишол на лице во близина на синагогата, по што и двајцата биле повредени и пренесени во болница. Засега не се објавени детали за околностите на пукањето, ниту за нивната здравствена состојба.

Полицијата соопшти дека нема натамошна опасност за јавноста.

Премиерот на Онтарио, Даг Форд, потврди дека инцидентот се случил додека верниците се собирале во синагогата „Сонс оф Џејкоб“. По пукањето, полицијата најави засилени патроли кај местата за молитва.