Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

Макфакс

20/09/2026

13:10

202

Големина на фонт

а а а

Венко Филипче од Струга изјави дека Христијан Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со американскиот претседател Доналд Трамп и ги критикува политиките на Владата предводена од Мицкоски, потенцирајќи нарушени односи со САД и намалување на воената помош.

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска од Струга рече дека премиерот Христијан Мицкоски не е на објавениот список на државници и функционери кои ќе остварат средба со американскиот претседател Доналд Трамп.

„Гледаме огромна делегација во посета на САД, за која, според нашите информации, брои над 50 луѓе. Граѓаните имаат право да знаат кој ги плаќа високите трошоци за ова патување. Денеска е објавен списокот на државници и функционери со кои ќе се сретне претседателот Трамп, а Христијан Мицкоски не е на тој список“, рече Филипче.

Тој посочи дека американската администрација добро знае какви политики спроведува Владата на Мицкоски.

„Очигледно е дека американската администрација добро знае дека Христијан Мицкоски предводи Влада која внесува кинески пари во земјата, спротивно на нашите заеднички интереси со стратешкиот партнер Соединетите Американски Држави. Оваа власт ја поткопува демократијата и воспоставува контрола врз медиумите преку руско-српските врски“, истакна Филипче.

На тој начин, нагласи претседателот на СДСМ, не се води држава и не се исполнуваат обврските кон стратешките партнери – Европската Унија и САД.

„Еден од показателите за нарушените односи е тоа што, за првпат од осамостојувањето, Америка ја намали воената помош за нашата земја“, рече Филипче.