На граничниот премин Табановце е уапсен маж од Романија кој се обидел да влезе во земјата со фалсификувана шпанска возачка дозвола за патничко возило мерцедес.
На Граничниот премин Табановце, на влез во државата, вчера полициски службеници го лишија од слобода Л.М.(44) од Романија. При гранична проверка констатирано било дека на увид приложил фалсификувана возачка дозвола за патничко возило „мерцедес“ со шпански национални ознаки, со кое тој допатувал. Тој бил предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.








