Струшката полиција уапси 60-годишен маж од Враништа под сомнение за предизвикување пожар на сува трева и стрниште во селото, при што пожарот беше успешно изгаснат без повредени.
Струшката полиција вчераутро го уапси 60-годишниот Љ.М. од селото Враништа под сомнение дека во средата, оваа недела, предизвикал пожар на сува трева и стрниште на отворен простор во атарот на селото Враништа. Пожарот го изгасила Територијалната противпожарна единица од Струга и во него нема повредени.
По целосно документирање на настанот, против Љ.М. ќе биде поднесена соодветна пријава.








