Ископувале песок од река во село Доброшинци без документација: Полицијата го расчистува случајот

Макфакс

18/09/2026

15:30

157

Големина на фонт

а а а

Полицијата во Струмица постапува по пријава за нелегален ископ на песок од река во село Доброшинци, при што е откриено дека правното лице нема приложено потребна документација за ископот.

Вчера, постапувајќи по претходна пријава дека во река во село Доброшинци, струмичко, се врши ископ на песок, по овластување на јавен обвинител, полициски службеници од СВР Струмица излегоа на местото и затекнаа товарно возило и работна машина – копач на правно лице-сепарација од село Сачево, струмичко, со двајца вработени кои вршат ископ.

Известен е Државен инспектор за животна средина, а од јавниот обвинител е ангажиран и геодет кој констатирал дека се врши ископ, како и дека камионот е натоварен со околу девет кубни метри песок, но од правното лице не е приложена соодветна документација (барање, договор, елаборат и сл.) за ископот.

Се работи на расчистување на случајот, по што ќе следува соодветна пријава.