Започна реконструкцијата на улицата „Марко Крале“ во Бутел

Макфакс

18/09/2026

15:20

150

Големина на фонт

а а а

Општина Бутел започна со реконструкција на улицата „Марко Крале“, која е една од главните сообраќајници во населбата. Проектот се фокусира на подобрување на патната инфраструктура и условите за секојдневно движење на граѓаните во општината.

Општина Бутел продолжува со реализација на проектите за подобрување на патната инфраструктура, а започнаа и градежните работи за реконструкција на улицата „Марко Крале“ една од главните сообраќајници во населбата Бутел.

Улицата „Марко Крале“ е со вкупна површина од 6.120 квадратни метри и должина од 1.100 метри. Со нејзината реконструкција значително ќе се подобрат условите за сообраќај и секојдневното движење на жителите во овој дел од општината, извести Општина Бутел.

Реконструкцијата на улицата е уште едно барање на граѓаните кое влегува во реализација и претставува продолжение на градежните активности за обнова на патната инфраструктура во Општина Бутел.

Во изминатиот период беа реконструирани и улици „Хо Ши Мин“ и „Натанаил Кучевишки“, додека со реконструкцијата на улицата „Марко Крале“ продолжуваат активностите за подобрување на клучните сообраќајници во населбата Бутел.

Со реализацијата на овој проект, Општина Бутел продолжува со исполнување на барањата на граѓаните и подобрување на патната инфраструктура на територија на општината“, соопшти Општина Бутел.