Драма во Ормускиот теснец: Проектил погоди танкер

Макфакс

18/09/2026

11:50

152

Големина на фонт

а а а

Танкер кој пловел во Ормускиот теснец беше погоден од проектил што предизвика пожар, но екипажот е безбеден, а влијанието врз животната средина се уште не е познато.

Танкер што пловел низ Ормускиот теснец бил погоден од „непозната ракета“, по што избувнал пожар на бродот, објави Британскиот центар за поморски трговски операции (UKMTO).

UKMTO во соопштение објавено на социјалната мрежа Икс изјави дека пожарот оттогаш е изгаснат, додека сите членови на екипажот се безбедни.

„Според извештаите, сите членови на екипажот се безбедни, додека влијанието врз животната средина во моментов е непотврдено“, соопшти британската агенција.

UKMTO не прецизираше кој би можел да биде одговорен за инцидентот или каков тип на ракета го погодила танкерот.