Расчистени две кражби во Тетово, лишени од слобода две лица

Макфакс

18/09/2026

10:40

155

Големина на фонт

а а а

Во Тетово и во близина на селото Порој се расчистени две случаи на тешки кражби, а полицијата лиши од слобода две лица поврзани со овие дела. Случаите се во фаза на натамошно документирање и постапување.

Вчера во 12:00 и во 14.50 часот во село Порој, тетовско и во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода С.К.(27) од с.Порој и А.Ц.(19) од Тетово поради постоење основи на сомневање за сторени кривични дела „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик.

С.К. се сомничи дека ноќта на 15/16.09.2026 со употреба на сила влегол во продажен објект во Тетово, сопственост на И.О.(52) и одзел пари и повеќе производи.

Додека, Ш.А.(55) од Тетово пријавила дека А.Ц. со закана од нејзиниот малолетен син одзел пари. Тие се задржани во полициска станица и по документирање на случаите против нив ќе следуваат соодветни поднесоци.