Насилство во семејниот дом во Гостиварско – сопруг истурил врело кафе врз својата сопруга

Макфакс

16/09/2026

13:50

211

Големина на фонт

а а а

Во гостиварско село се случи семејна расправија која ескалираше со физички напад кога сопруг истури врела течност врз својата сопруга, предизвикувајќи изгореници. Полицијата интервенираше и осомничениот е лишен од слобода.

Семејна расправија во гостиварско село завршила со физички повреди и полициска интервенција, откако 52-годишен маж истурил врело кафе врз својата сопруга.

Инцидентот се случил синоќа околу 23:30 часот, во нивниот семеен дом. Според пријавата што 40-годишната жена ја поднела во полиција, по кратка вербална расправија, нејзиниот сопруг Б.К. (52) ја нападнал така што ja истурил врелата течност врз неа, предизвикувајќи ѝ изгореници.

По добиената пријава, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода осомничениот. Тој е задржан во полициска станица.

Од МВР информираат дека по целосно документирање на случајот, против Б.К. ќе биде поднесена соодветна поднесок до надлежното обвинителство.