И 63-годишната Лиза Рина беше добредојден гостин на забавата по доделувањето на наградите „Еми“. Таа се појави во креација која открива многу и никој не остана рамнодушен.
Компанијата „Волт Дизни“ неодамна одржа вечерна забава по доделувањето на овогодишните „Еми“ награди, а на настанот присуствуваа бројни ѕвезди.
Најголемо внимание привлекоа дамите кои го разубавија настанот со своите скромни, но смели модни комбинации. По атрактивната креација на Каја Гербер, ријалити ѕвездата и претприемач Лиза Рина беше таа која донесе доза на гламур.

За вечерната забава, таа носеше „пенлив“ црн фустан со отворени рамена и преголеми ракави. Овој детаљ на целокупниот стајлинг му даде драматична нота, а не треба да се изостави ниту длабокиот шлиц. Судејќи според фотографиите, тој беше ѕвездата на стајлингот бидејќи на ова гламурозно издание му даде доза на сексапил.

Лиса го заокружи својот изглед со црни салонки, кои ги истакнуваа нејзините витки нозе, и впечатлива темна шминка. На настанот ѝ се придружи и нејзиниот партнер Хари Хамлин, кој го усогласи нејзиниот моден микс. Тој носеше преголеми панталони, кои ги комбинираше со црна јакна и вратоврска.

Инаку, Лиса Рина ја запознавме во серијата „Days of Our Lives“, но и во драмата „Melrose Place“ на телевизијата „Fox“. После тоа, таа одлучи да направи голем чекор во својата актерска кариера, а светска слава стекна во реалното шоу „The Real Housewives of Beverly Hills“.




