Фон дер Лајен: Канада може да стане првата придружна членка на ЕУ

Макфакс

16/09/2026

11:20

199

Големина на фонт

а а а

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен најави дека ЕУ сака да го зајакне партнерството со Канада и да ја направи првата придружна членка на Унијата во иднина, нагласувајќи ги заедничките вредности и важноста од коалиции за економска и демократска стабилност.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, најави дека Европската Унија сака да го подигне партнерството со Канада „на највисоко можно ниво“ и да отвори можност земјата да стане првата придружна членка на ЕУ.

Во говорот за состојбата на Унијата пред Европскиот парламент во Стразбур, на кој присуствуваше и канадскиот премиер Марк Карни, фон дер Лајен истакна дека Европа и Канада споделуваат заеднички демократски вредности.

„Ова не е партнерство против некој друг, туку за нашата заедничка сила“, рече таа.

Фон дер Лајен нагласи дека ЕУ во новите глобални околности мора да ги зајакнува своите партнерства и да гради пошироки коалиции за економска отпорност, безбедност и зајакнување на демократијата.