Во Арачиново уапсен 44-годишен маж баран со централна потерница, во бегство од 2024 година

Макфакс

16/09/2026

10:20

221

Големина на фонт

а а а

Во Арачиново е уапсен 44-годишен маж кој беше баран со централна потерница од 2024 година поради извршено кривично дело поврзано со наркотични дроги. Лицето е предадено на полицијата за понатамошна постапка.

Денеска, од страна на Секторот за меѓународна полициска соработка – Отсек за потрага, во содејство со Интервентната полиција, околу 05:30 часот, во село Арачиново, лишен од слобода е 44-годишниот С.И. од Скопје.

С.И. се барал по централна потерница поради сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори” по член 215 став 3 од Кривичниот законик, за кое е осуден на казна затвор во траење од пет години.

Лицето било во бегство од 2024 година. Истото е предадено во Полициската станица за општа надлежност Гази Баба за понатамошна постапка.