Загина 47-годишен кумановец со возилото излетал од патот

Макфакс

11/09/2026

13:50

416

Големина на фонт

а а а

На магистрален пат Велес-Штип вчера попладне возило управувано од 47-годишен кумановец излетало од патот, при што возачот на лице место починал, додека неговата сопатничка се здобила со телесни повреди.

Вчера во 14:05 часот во ОВР Свети Николе е пријавено дека на магистралниот пат Велес-Штип, во близина на клучка за с.Дорфулија, општина Лозово, патничко возило „шкода“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од А.С.(47) од Куманово, излетало од патот.

Од здобиените повреди на местото на несреќата починал возачот, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт.

По наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено во Судска медицина за обдукција. Со телесни повреди се здобила неговата сопатничка Т.С.(44) од Куманово, констатирани во Клиничка болница Велес.

Полицијата соопшти дека е извршен увид од јавен обвинител и увидна екипа на ОВР Свети Николе.