Мицкоски: Целосна невистина и неаргументирана изјава на опозицијата

Макфакс

10/09/2026

14:30

184

Големина на фонт

а а а

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, ги одговори критиките на опозицијата за економскиот раст, нагласувајќи дека тврдењата се невистини и истакнувајќи напредокот што го направила владата во изминатите три години.

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на забелешката од страна на опозицијата за недоволниот раст на бруто домашниот производ, изјави:

„Па видете, јас понекогаш и не сакам да коментирам тоа што го споменува опозицијата, бидејќи тоа што го кажува е целосна невистина и неаргументирана изјава, се разбира. Во случајов можам само да кажам дека имајќи предвид каква беше состојбата во државата пред 25-6 месеци, она коешто го наследивме со уништени институции, ограбена економија, клекната на колена држава, разочарани и демотивирани граѓани, можам да кажам дека колку и да сакаат тие да го оцрнат тоа што денеска оваа Влада го работи, ќе мора сите да се сложиме дека денеска многу подобро се живее од тоа што беше пред три години. А јас ви ветувам дека за три години од денеска, ќе се живее многу подобро од денес. И тоа е наша цел како Влада. Ќе повторам, мотивирани сме како никогаш досега, да испорачуваме нешто што се гледа, што можат граѓаните да го видат. Што допринесува за подобриот стандард и живот на граѓаните. И инспирацијата целосно ја црпиме од поддршката којашто ја добиваме од граѓаните и јас сум за тоа исклучително благодарен. Дека е сѐ идеално, не е. Дека има грешки, има. Кој работи, знае понекогаш и да погреши, но дека многу подобро од пред три години, морате сите да се сложиме дека е.“