Маж од Берово донесен во болницата во Кочани: При истовар на глина од камион, возилото се превртело, а тој се здобил со тешки повреди

Макфакс

10/09/2026

13:10

107

Големина на фонт

а а а

Маж од Берово бил донесен во болницата во Кочани со тешки повреди откако товарното возило на кое работел се превртело при истоварување на глина. Инспектори и јавен обвинител се известени за настанот.

На 07.09.2026 во 09:35 часот во ОВР Виница, од Општа болница Кочани е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен 68-годишниот З.С. од Берово.

Според пријавеното, тој се здобил со повредите додека извршувал работни задачи за правно лице во Виница.

Како што е пријавено, при истовар на глина со товарно возило „ман“ во депонија за глина во кругот на правното лице, возилото се превртело и тој се здобил со повредите. Извршен е увид и за настанот се известени јавен обвинител и трудов инспектор.