Кривична пријава против охриѓанец за неовластена изградба на две семејни куќи

Макфакс

10/09/2026

12:20

119

Големина на фонт

а а а

Полицијата во Охрид поднесе кривична пријава против лице кое изградило две семејни куќи без одобрение за градба, што било откриено при инспекциски надзор.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против 53-годишниот Г.В. од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“.

Тој на катастарска парцела во Охрид, без одобрение за градба, неовластено изградил две индивидуални семејни куќи што било констатирано при извршен инспекциски надзор.