Претрес во село во општина Центар Жупа, пронајден пиштол уапсен 33-годишник

Макфакс

10/09/2026

11:30

97

Големина на фонт

а а а

Во општина Центар Жупа, полициски службеници извршија претрес во домот на 33-годишник при што пронајдоа нелегален пиштол и го лишија од слобода лицето.

Ноќеска во 03:10 часот во село Житинени, општина Центар Жупа, полициски службеници од ОВР Дебар го лишија од слобода 33-годишниот Б.О. од селото Новак.

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, полициските службеници пронајдоа и одзедоа пиштол кој нелегално го поседувал.

По целосно документирање на настанот, против него, ќе биде поднесена соодветна пријава.