Мицкоски се смета за елита затоа што има часовници од 60.000 евра и скапи одела, останатите ги смета за „талог“, велат од СДСМ

Макфакс

10/09/2026

08:40

267

Големина на фонт

а а а

Во текстот се пренесуваат критики од СДСМ кон Мицкоски и неговата група, обвинувајќи ги за криминал и ароганција, како и за кременото однесување на власт. Тие го посочуваат луксузот и привилегиите на Мицкоски како симбол на неговата „елита“, додека ги омаловажуваат останатите како „талог“.

Сите коишто се противат на криминалната власт се „талог“.

Секој што е за Европа, демократија, слобода на говор и подобар стандард – за Мицкоски е талог, велат од СДСМ.

„Фашистички методи на Ванчо Михајлов во 21 век. Сè е копи-пејст од менторот Вучиќ.

Сега, кога својата ВМРО-Орбан мрежа од 40 % од медиумите ја засили со „Ало групата“ и лиценцата за „Euronews“ од Вучиќ, ќе го преземе најголемиот дел од медиумското небо во Македонија. Целта им е да го убедат народот дека тие се елита. Исто како елитата на СНС. Надменоста и ароганцијата се одлики на оваа „елита““.

Од владејачката партија додаваат дека нема одговори на прашања, има само навреди.

„Се однесуваат како државата да е нивна приватна сопственост.

Оваа криминална ВМРО-елита, по углед на елитата од криминалната организација на Вучиќ, Балканскиот картел, чии членови се луѓето од групата на Мицкоски, ги прави истите работи.

Елита што ќе ужива во луксуз, полнејќи ги своите џебови со народни пари.

Тендер-патриоти со бугарски државјанства и фирми. Дури и промоцијата им ја работи бугарска фирма. Повеќе ниту се кријат. За поголема минимална плата – ниту збор. За мерки што ќе им помогнат на граѓаните поради скапотијата – ниту збор. За законот за двојно државјанство на државните функционери – ниту збор. За реформи – ниту збор“.

Според СДСМ, истата оваа криминална екипа, како што велат, дојде на власт со лаги и ветувања пласирани преку свои медиуми – исто како што ги учел менторот Вучиќ.

„Ја изолираа земјата од Европа за да ограбуваат непречено. Знаат дека Европа носи независно судство и европско обвинителство.

Го слават Младиќ, осуден воен злосторник за геноцид, во земја што има меѓуетничка кохезија.

Уште само на Мицкоски да му стигне новиот авион – за целосно да биде „вистинска елита““.

Од опозициската партија оценуваат дека ова е отворено презирање на сопствениот народ.

„Кампања на поделби и омраза според најмрачните модели.

Граѓаните не се талог. Граѓаните се сопственици на оваа држава. А „елитата“ со часовници од 60.000 евра, скапи одела и апетити за авиони – местото ѝ е да одговара пред народот и пред правдата. На таа елита местото ѝ е во Шутка и во Идризово. Ќе победи народот.

Граѓаните на Македонија ќе ја вратат власта во свои раце, а потоа оваа елита ќе одговара.

Еден побегна. Овие нема да побегнат“.