Уапсени двајца мажи од Чешка за неовластено влегување во воени објекти и правење скици или цртежи на воени објекти и борбени средства

Макфакс

05/09/2026

15:30

130

Големина на фонт

а а а

Двајца мажи од Чешка се уапсени во Скопје под сомнение за неовластено влегување во воени објекти и правење скици или цртежи поврзани со воени објекти и борбени средства. Полицијата презема активности за целосно расчистување на случајот.

Вчера во 16:30 часот во Касарна Илинден во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода 26-годишниот М.С. и 25-годишниот А.Х. двајцата од Република Чешка, со престој во Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело по член 350 од Кривичниот Законик „неовластено влегување во воени објекти и правење скици или цртежи на воени објекти и борбени средства“.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.