Опожарено возило на улицата Браќа Реџепагиќ во Скопје

Макфакс

05/09/2026

15:30

111

Големина на фонт

а а а

Во Скопје на улицата Браќа Реџепагиќ денеска беше пријавено опожарување на автомобилот Опел Астра. Пожарот беше изгаснат од страна на противпожарната служба, а полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Денеска во 04:04 часот во СВР Скопје пријавено е дека во Скопје на улицата „Браќа Реџепагиќ“ поточно на паркинг во круг на училиште има опожарено возило.

Полициски службеници констатирале дека патничкото опожарено возило е „опел астра“ со скопски регистарски ознаки сопственост на Н.Ш.(56).

Пожарот е изгаснат од страна на Бригадата за противпожарна заштита. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.