Тешко повреден мотоциклист од Скопје

Макфакс

05/09/2026

14:50

144

Големина на фонт

а а а

Мотоциклист од Скопје е тешко повреден во сообраќајна несреќа на булеварот Александар Македонски при судир со патничко возило управувано од лице од Свети Николе. Повредениот е пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ каде му се констатирани тешки телесни повреди.

На 03.09.2026 во 12:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на булеварот „Александар Македонски“ во Скопје, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел“ со светиниколски регистарски ознаки управувано од А.С.(48) од Свети Николе и мотоцикл со германски национални ознаки управуван од О.Б.(43) од Скопје, со престој во Република Бугарија.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Ургентен центар при Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје.

Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.