Уапсен маж: Pодметнал и предизвикал пожар кај месноста Лок

Макфакс

05/09/2026

11:40

158

Големина на фонт

а а а

Во близина на струшките села Заграчани и Долна Белица, маж на 85 години е уапсен поради подметнување и предизвикување пожар на отворен простор во месноста Лок. Интервенирала противпожарната единица од Струга, а против осомничениот ќе биде поднесена пријава.

Вчера во 16.30 часот, на локалниот пат помеѓу струшките села Заграчани и Долна Белица, лишен од слобода е 85-годишниот А.М. од селото Заграчани кој претходно, кај месноста „Лок“, подметнал и предизвикал пожар на отворен простор со нискостеблеста вегетација.

Повредени лица нема, а интервенирала Територијалната противпожарна единица од Струга.

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.