Маж од Дебар тешко се повредил откако изгубил контрола врз својот мотоцикл и удрил во металната ограда на регионалниот пат Дебар-Маврово. Во несреќата тој добил сериозни повреди и бил пренесен во болница.
Вчера во 12:55 часот, на регионалниот пат Дебар-Маврово кај „Бошков мост“, 64-годишниот Б.Р. од Дебар, управувајќи мотоцикл „Харли Дејвидсон“ со дебарски регистарски ознаки, изгубил контрола и удрил во металната еластична ограда.
Тој се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница во Дебар.
Увид на местото на незгодата извршија полициски екипи.








