Претрес во автокамп во Охрид: Уапсен скопјанец, пронајдена дрога

Макфакс

05/09/2026

11:30

111

Големина на фонт

а а а

Во Охрид е извршен претрес во автокамп, при што е уапсен 44-годишен скопјанец поради пронајдена опојна дрога марихуана. На настанот работи криминалистичката полиција, и против сторителот ќе биде поднесена пријава.

Вчера во 23.45 часот, во автокамп на брегот на Охридското езеро во Охрид, лишен од слобода е 44-годишниот Л.Д. од Скопје.

При претрес извршен по судска наредба во камп приколка која тој ја користел, полициските службеници од криминалистичката полиција при СВР Охрид, пронајдоа и одзедоа една најлонска кеса, една пластична кутија со опојна дрога марихуана како и предмети со остатоци од марихуана.

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.