СДСМ ја критикуваше молкот и недостатокот на извештаи за безбедноста на водата во Гостивар по труењето на илјадници граѓани, истакнувајќи ја загриженоста за јавната здравствена состојба и прашувајќи што се крие зад овој осумнеделен молк.
„Осум недели поминаа од труењето со водата во Гостивар, кога околу 5.000 граѓани побараа медицинска помош. Осум недели нема извештај за водата. Нема одговори. Нема одговорност. Осум недели институциите молчат“, велат од СДСМ.
„Зошто не се објавува извештајот за водата? Што се крие од граѓаните?
Случајот во Гостивар не беше единствен. Во околу 50 населени места низ државата беа регистрирани проблеми со безбедноста на водата. Четири реки беа загадени, како и локални извори од кои граѓаните користат вода.
Станува збор за прашање кое директно го засега здравјето на илјадници граѓани. Зошто осум недели јавноста, граѓаните не ги добиваат одговорите? Што крие Мицкоски?“, прашуваат од СДСМ преку писмено соопштение.








