Трамп: Шпанија ќе биде уништена земја

Макфакс

04/09/2026

21:30

179

Големина на фонт

а а а

Американскиот претседател Доналд Трамп предупреди дека Шпанија ќе биде уништена земја поради мигрантската криза во Сеута, каде илјадници нелегални мигранти предизвикаа зголемување на безбедносните проблеми и сексуалните напади.

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави за GB News дека Шпанија ќе стане „уништена земја“ поради мигрантската криза во Сеута, шпанската енклава во Северна Африка.

Сеута беше преплавена од повеќе од 70.000 нелегални мигранти од Мароко на 30 јули. Иако многу мигранти се вратија во африканската земја, илјадници останаа, а бројот на сексуаални напади се зголеми.

Трамп коментираше за тековната криза, критикувајќи ги трошоците за одбрана на Шпанија.

„Шпанија ќе биде уништена земја, а и јас имав свои проблеми со Шпанија затоа што на Шпанија не се однесува баш најдобро кога станува збор за НАТО. Тие не плаќаат колку што треба да плаќаат. Тоа е многу тажно“, рече тој.