Во Битола се осветлија нови спортски игралишта на три локации, дел од проектот на општината за подобрување на условите за спорт и образование на младите.
На три локации во Битола светнаа новите спортски игралишта.
Едните спортски училишни терени во Нова Битола, другите исто така спортски училишни терени во населбата Горно Оризари, третите во
населбата Стрелиште.
„Во меѓувреме општината работи и на други терени, во други училишта кои ќе ја променат сликата во битолското образование, ќе дадат додадена
вредност на спортскиот дух и ќе бидат дел од битолската успешна спортска приказна“, велат од Општина Битола.








