„Вреди“: Нулта толеранција за насилството во училиштата

Макфакс

04/09/2026

13:30

134

Големина на фонт

а а а

Партијата Вреди започна иницијатива за нулта толеранција кон насилството во училиштата преку создавање заеднички пристап со општините, училиштата и родителите за превенција и организирана реакција при инциденти.

„Вреди“ ја започна иницијативата за воспоставување заеднички пристап за спречување и третман на насилството во училиштата, информираат од партијата.

Општина Чаир ги презеде првите чекори за создавање платформа што ќе ги собере општината, училиштата, психолозите, наставниците и родителите, соопшти на прес-конференција Теута Идризи.

„Посветени сме на спроведување на овој пристап во општините што ги водиме, а воедно ги покануваме и другите општини да се приклучат на оваа иницијатива.

Целта е да се создаде работна група во секоја општина со претставници на општината, училиштата, стручните служби и родителите. Овие групи ќе ги координираат превентивните активности и одговорот кога ќе се случи случај на насилство.

За „Вреди“, нулта толеранција не значи само казнување по инцидентот. Тоа значи да не се замолчува насилството, да не се релативизира малтретирањето и да не се чека детето да стане жртва за да реагира“.

Училиштето, додава таа, треба да биде место каде што децата учат, се развиваат и ја градат својата иднина, а не место каде што се чувствуваат исплашено или беспомошно.

„Во Чаир го започнавме овој процес. Ќе го продолжиме во општините каде што раководиме и ќе работиме на тоа и други општини да се приклучат на оваа иницијатива“.