[ВИДЕО] Училишни тетратки со ликовите на Јала Брат и Буба Корели предизвикаа бројни реакции: „Повлечете ги пред да завршат во учебниците“

Точка

03/09/2026

20:22

732

Големина на фонт

а а а

Една снимка од каталогот на книжарница во Босна и Херцеговина особено го привлече вниманието на социјалните мрежи со својата понуда на тетратки.

Деновиве, на социјалната мрежа ТикТок кружи вирална снимка од корисничка од Босна и Херцеговина, која споделила еден особено интересен детаљ од каталогот на книжарница во пресрет на почетокот на новата учебна година.


Имено, на видеото можете да видите дека, покрај вообичаените цртани јунаци, за овогодишниот дизајн на училишниот прибор биле избрани и некои од најпопуларните музички ѕвезди меѓу помладите генерации. Биле осмислени и изработени карикатури на познати странски пејачки како Ријана и Тејлор Свифт, но и дуото Јала Брат и Буба Корели, како и Девито, го нашле своето место на кориците на тетратките.

Со виралното видео, авторката додала и урнебесен коментар: „Кога на син ми за прво одделение ќе му ги купам овие ремек-дело тетратки, времињата се менуваат“.


Објавата привлече голем број коментари, меѓу кои најмногу имало од најмладите корисници, кои не го кријат своето воодушевување од новите тетратки. Некои од нив се пофалиле и со фотографии од купените тетратки, подготвени за враќање во училишните клупи.


Освен тоа, имало и шеговити коментари како: „Има ли од Драгана Мирковиќ?“, „Ова е нова потреба сега“.

Една од корисничките додала и коментар: „Треба навреме да ги отпишеме децата од училиште, пред да се појават и во учебниците!“.