Сандерленд го победи Арсенал го трката за белгиски репрезентативец

Дерби

01/09/2026

12:42

264

Големина на фонт

а а а

Сандерленд го преспа скоро целиот летен преоден рок или поточно се буди во самата завршница, последните часови каде на добар пат да комплетира неколку трансфер операции.

Одбраната ќе биде засилена од Кевин Дансо од редовите на Тотенхем, а сериозно освежување во офанзивната линија треба да биде Малик Фофана.

За играчот на Лион сериозен интерес имаше од шампионот Арсенал, меѓутоа Сандерленд на крајот ја добива битката поради повисоката понуда вредна фиксни 30 милиони евра, плус 5-6 милиони како бонус, сума за која „топчиите“ сметаа дека е превисока иако реално им фали играч на таа лева страна по заминувањата на Тросар и Мартинели.

Фофана има 21 година, веќе е белгиски репрезентативец и со Сандерленд ќе потпише договор до 2031 година со опција плус за една сезона.