Грилиш повторно си заминува од Сити, се враќа во позната средина

Дерби

01/09/2026

12:40

331

Големина на фонт

а а а

Повремениот англиски репрезентативец, Џек Грилиш одново ќе го напушти Манчестер Сити, но ќе остане во Англија и Премиер лигата.

Тој претходната кампања на мина на позајмица во Евертон, но летово се врати во Сити со надеж дека ситуацијата сега е промената и дека може ќе остане на „Итихад“ по доаѓањето на Енцо Мареска како замена за Пеп Гвардиола.

Меѓутоа ништо од таа приказна без разлика на тоа што Грилиш играше против Арсенал (Комјунити Шилд) и Борнмут (Премиер лигата), поточно заминува на нов заем и ќе биде дел од „карамалите“. Ова значи негово враќање на познато место и одново соработка со Дејвид Мојс.

Во Евертон лани одигра 22 средби со учинок од 2 гола и 6 асистенции.

Клубот од Ливерпул го носи и напаѓачот Фоларин Балогун од Монако како засилување, ама го губи Илиман Ндиаје кој ќе потпише за Сити.