Циципас за скандалот со Кирјос: Очекував ова да се случи, изненаден сум…

Дерби

01/09/2026

12:27

320

Големина на фонт

а а а

Најдобриот грчки тенисер, Стефанос Циципас даде свој коментар за последниот голем скандал во светот на белиот спорт, позитивниот тест на кокаин на Ник Кирјос.

Кирјос кој често говореше за неправдите, ги критикуваше колегите, колешките и бараше чист спорт сега е суспендиран на неодредено време и прашање е дали пак ќе заигра активно ако се земе предвид целата негоа историја.

Циципас беше искрен и порача дека воопшто не е изненаден од ова што му се случи на тенисерот од Австралија.

- Не знам што да ви кажам. Да бидам целосно искрен со вас, знаев за ова пред да биде објавено. Само ќе ви ја кажам вистината. Знаев за сето ова пред да биде објавено соопштението. Кога го видов тоа на социјалните мрежи, си реков: „Еве го тоа“. Искрено, очекував ова да се случи.

- Нема да се обидувам да прикријам некого за кого ја знам вистината. Се сметам за фина личност кон сите. Но, ова беа однесувања за кои лично слушнав за време на турнејата. Кога го видов тоа, си помислив… искрено, повеќе или помалку го очекував. Сепак, изненаден сум што се случи дури сега. - порача Циципас.