[ВИДЕО] Мицкоски со порака до учениците: Нека знаењето биде патоказ кон иднината

Макфакс

01/09/2026

11:30

67

Големина на фонт

а а а

Премиерот Христијан Мицкоски им посака на учениците успешна учебна година и ги охрабри да ги прифатат предизвиците и да ја користат образованието како патоказ за нивната иднина во Македонија.

Премиерот Христијан Мицкоски им посака на сите првоодделенчиња успешни училишни денови, другарување и стекнување нови пријателства.

„Мислам дека сега отпочнуваат една нова фаза од своите животи којашта, се разбира, ќе има многу предизвици. За жал, животот не е она што најчесто се гледа по социјалните медиуми — „Инстаграм“, „Тикток“ и слично, туку напротив, животот има многу предизвици.

Тие предизвици треба да се решаваат, тие предизвици ќе треба да се совладуваат сами или заедно со своите родители, заедно со своите другари и другарки, се разбира, во училиштата. Така што, еве една нова страница во нивните животи, а на сите ученици во основните и средните училишта низ државата им посакувам успешна учебна година, да стекнат нови знаења и тие знаења понатаму низ пракса и низ работа да ги применат во сопствената татковина Македонија“, изјави Мицкоски.